Гостивар
Трибина во гостиварската гимназија: Борбата за родовата еднаквост е борба за човечност
„Осми Март е важен ден и не треба да се претвори во парада на ружи, подароци и патувања, туку во ден кој не потсетува дека борбата за правата на жените и еднаквоста во општеството и семејниот живот се уште трае. Борбата за родовата еднаквост е борба за човечност, не борба за женските права.“, ова беше заклучокот од денешната трибина по повод Денот на жената, која се одржа во гимназијата во Гостивар.
Средношколците со своите професори дискутираа по прашања врзани со правата на жените и родовата рамноправност, колку жените се застапени во политиката, зошто во светски рамки за истата работа жената е помалку платена од мажот, дали жената и мажот имаат иста родителска одговорност и слично.
Настанот опфати и проекција на краки документарни и анимирани филмови: “Историјата на интернационалниот ден на жената”,”Како децата ја разбираат родовата нееднаквост”,”Половата нееднаквост на работното место”, “Не сум сама” и “Соништата немаат пол”. Трибината се организираше како дел од програмата „Мировно образование“ на Првата детска Амбасада „Меѓаши“ под менторство на професорките Валентина Штерјовска и Билјана Ристоска.
-
Македонијапред 3 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 3 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Парламентарни избори 2024пред 2 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница
-
Гостиварпред 3 месеци
„Пациенти“ во Гостивар, урнебесна комедија за брачните „војни“