Вести
Македонија вечерва против Летонија ги почнува квалификациите за ЕП 2020
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва против Летонија ќе ги започне квалификациите за пласман на Европското Првенство во 2020 година.
Селекторот на нашата репрезентација за дуелот со летонците ќе излезе со најдобрите единаесетмина кои му се на располагање, со тактика која најавува офанзивен фудбал од првиот минут. Дарко Велковски и Муслиу ќе бидат пред голманот Димитриевски. Десен бек треба да е Стефан Ристовски а лево Алијоски. Пред нив во средниот ред најавени се Елмас и Барди. Нападот ќе го предводи катепитенот Пандев, со Хасани лево, Трајковски десно и Илија Нестровоски како најистурен.
Македонија овој квалификациски циклус за ЕП 2020 е во групата Г, со селекциите на Полска, Австрија, Израел, Словенија и Латвија.
Овој натпревар е голем јубилеј за Горан Пандев, капитенот на „црвено-жолтите“ ќе го одигра 100. натпревар за националниот тим.
Дуелот меѓу Македонија и Летонија се игра вечерва на „Филип Втори“ Арената со почеток од 20:45 часот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 3 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница
-
Парламентарни избори 2024пред 2 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6