Поврзи се со нас

Гостивар

Проблеми со откупот на јагниња во Гостивар: Сточари протестираа пред кланицата

Објавено

на

Сезоната на откуп на јагниња пред велигденските празници, создаде проблеми меѓу сточарите од гостиварско и кланицата Горни Полог.

Група сточари денес се собраа на протест пред кланицата, изразија незадоволство од откупната цена и тврдат дека се прави дискриминација по етничка основа, односно наместо јагнињата од сточарите Албанци од гостиварско, се купуваат јагниња од други градови.

„Откупната цена е многу ниска, не ни одговара и со таа цена не можеме ни трошоците да си ги покриеме, а секој ден имаме загуби. Каде се трошоците за храна што сме им давале цела зима, па да се платат овчари и сите други обврски. Бараме да се зголеми цената и да се откупуваат јагниња од сточарите од околината на Гостивар, од гостиварските села. Да не велат дека немаме јагниња, од гостиварскиот регион има доволно јагниња за цела Италија.“, изјави Меџит Усеини, сточар од село Здуње, кој вели дека ако не се надминат проблемите, на сточарите ќе им останат 6 до 7 илјади јагниња кои планирале да ги продадат.

Од Горни Полог ги демантираат тврдењата на сточарите кои денес протестираа пред нивниот објект. Тие велат дека цената од 140 денари за килограм јагне од прва класа, 135 за втора и 127 денари за трета класа е реална и дека не прават никаква дискриминација, туку напротив повеќето сточари од кои земаат јагниња биле Албанци.

„Цената е реална и може да се провери дури дека ние даваме најдобра цена од сите други кланици во земјата. Овде на протест не беа собрани вистинските сточари, тие што се вистински сточари си ја знаат математиката и со нив убаво си функционираме. И не станува збор за никаква диксриминација на национална основа. Во Гостивар има само еден Македонец што држи јагниња, а 90% од јагнињата ние ги земаме од Гостивар, Тетово, Дебар и Кичево и скоро сите се Албанци. Нас не ни е интересот да гледаме кој е Македонец, кој Албанец, туку што има да понуди“, изјави Рајко Максимоски, косопственик на Горни Полог.

Незадоволните сточари по протестот остварија средба со градоначалникот Арбен Таравари, кој рече дека ги поддржува и дека ќе побара од Владата да се решаваат проблемите и да им се обрнува поголемо внимание.

Сточарите најавија дека ако не се изнајде решение, од утре ќе почнат со блокади и ќе ги извадат овците на патиштата.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 11 часа

Донесени дополнувањата на Законот за енергетика кои треба да спречат поскапување на струјата

Технологијапред 12 часа

Сѐ што треба да знаете за вашиот клима уред

Вестипред 14 часа

ЕУ почна преговори за членство со Украина

Македонијапред 15 часа

Таравари: Се надевам на огромен број вработувања во здравството до крајот на годината

Македонијапред 16 часа

Пороен дожд, грмежи и силен ветер до петок

Македонијапред 17 часа

Мицкоски: Ветерниот парк на „Алкараз Енерџи“ најголема инвестиција во делот на обновливите извори во регионот

Гостиварпред 18 часа

Промоција на монографија за Заре Лазаревски, творецот на Ски-центарот Маврово

Гостиварпред 19 часа

Гостиварец ја пријавил сопругата во полиција заради агресивно однесување

Гостиварпред 21 час

Во делови од Гостивар прекин на водоснабдувањето поради санирање дефект

Гостиварпред 2 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Македонијапред 4 недели

Нови цени на горивата од полноќ!

Видео емисиипред 2 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 2 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Гостиварпред 2 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 4 недели

Во пресрет на доаѓањето на печалбарите подготовки и мерки за ред во сообраќајот

Гостиварпред 4 недели

Неуморен автор! Гостиварецот Кипроски промовира уникатна и ретка монографија

Гостиварпред 1 недела

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена