Гостивар
Ученици од гостиварското средно техничко во Романија се обучуваа за изработка на видео игри
Група од дваесет средношколци од техничкото училиште од Гостивар, заедно со професорките ментори Илина Миноска и Зумбулије Алији беа на двонеделна обука за компјутери и програмирање во Романија.
Учениците таму добија можност теоретски и практично да се запознаат со тајните на изработка на видео игри, како и да разменат знаење и искуства со свои врсници од Бугарија и Романија.
„Престојот во Костанца, Романија ќе остане незаборавно доживување за учениците и за нас менторите. Децата совладаа нови вештини, го надополнија знаењето, имаа шанса да научат како се креираат видео игри, како и да се дружат со останатите учесниц. Во текот на престојот се одржа и мултикултурна вечер, на која нашите ученици ги презентираа културата, традицијата и кујната на Македонија за што освоија златен медал“, вели професорката Миноска.
На крајот од престојот на гостиварските средношколци им беа доделени сертификати за успешно завршен проект.
Обуката за компјутери и програмирање се спроведе во рамки на Програмата Еразмус+, финансиски поддржана од Европската Унија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 3 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница
-
Парламентарни избори 2024пред 2 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6