Поврзи се со нас

Македонија

Злоупотреби и криминал: Лекари во договор со аптеки издавале фиктивни рецепти, а лековите биле препродавани

Објавено

на

Контролите покажале дека во издавањето рецепти и лекови од позитивната листа постојат злоупотреби и криминални дејства. Премиерот Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања вчера обелодени причини откриени низ анализа, зошто граѓаните не можат да дојдат до лекови на рецепт во текот на целиот месец, туку само на почетокот на месецот.

Тој рече дека нешто повеќе од година се работи на ова прашање, дека контроли покажале злоупотреби и најави целосно решение на проблемот наесен.

„Еден дел на проблемот се јавува кога се издаваат фиктивни рецепти од страна на лекари и истовремено, со добро организирана форма, аптеки, фиктивните рецепти ги примаат и лековите доаѓаат кај луѓе без пари, потоа се тргува со нив во Македонија и во земји надвор од државава. Тие се незаконски криминални активности, правиме сериозни истраги, ги засиливме мерките на контрола. Од 1 септември до 1 октомври мислам дека ќе го имаме решението. Целта е граѓаните да добијат лекови во кој било дел од месецот“, рече Заев.

Тој изрази очекување, дека на тој начин граѓаните нема да прават т.н. домашни аптеки, во грижа дека нема да најдат лек на рецепт.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена