Гостивар
Подготовки за одбележување на големиот јубилеј – 1000 години Бигорски манастир
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2019/10/big.jpg)
Древното македонско светилиште манастирот Свети Јован Крстител, следната година ќе прослави голем значаен јубилеј – 1000 години од основањето. Подготовките за одбележувањето се веќе во тек, а по тој повод Архимандритот Партениј, во придружба на неколку монаси од Бигорски и монахињи од Рајчица, оствари работна средба со директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски.
„Сите присутни изразија особена желба и подготвеност да излезат во пресрет за подготовките за јубилејот. На ова прво советување беше одлучено во скора иднина да се формира координативно тело, коешто ќе раководи со активностите за достојна прослава на реткиот и огромен по значење милениумски јубилеј.“, информираат од Бигорскиот манастир.
Светото предание вели дека монахот по име Јован, кој потекнувал од дебарскиот крај, бил исполнет со секаква добродетел, разумен и мудар, се грижел за чистотата и смирението на срцето. Особено голема љубов негувал кон свети Јован Крстител. Еднаш, во шумата, кај изворот што бил во близина на неговата испосница, Јован здогледал силна и чудесна светлина меѓу дрвјата, а кога се приближил, видел како над источникот, oзарена со необичен блесок, лебди икона со ликот на чесниот Претеча. Јован ја зел иконата и се погрижил да ѝ изгради привремен соодветен дом, мал параклис. Во 1018 година Јован бил назначен за Архиепископ на Охридската Архиепископија, но никако не го заборавил своето тивко и возљубено место на покајание. Исполнет со голема љубов и благодарност кон Претечата, во 1020 година подигнал храм во негова чест, каде што ја положил светата и чудотворна икона. Набрзо околу храмот се собрало големо монашко братство. Така, Јован Дебарски станува првиот ктитор на Светата Бигорска Обител.
-
Македонијапред 3 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 5 дена
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Гостиварпред 3 месеци
Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Амбасадорите на македонскиот фолклор „Танец“ со концерт во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување