Поврзи се со нас

Гостивар

Сојуз на синдикати: Работодавачите да го исплатат регресот до крај на годината

Објавено

на

Сојузот на синдикатите на Македонија преку соопштение ги повика работодавачите да им исплатат регрес за годишен одмор на работниците до крајот на годината, како што предвидуваат правилата.

„Регресот за годишен одмор е  право воспоставено по пат на дијалог помеѓу претставниците на работниците во конкретниот случај  Сојузот на синдикатите на Македонија  и од претставниците на работодавачите – ОРМ и со оглед на тоа што се работи за право уредено спогодбено  со потпишување на колективен договор, очекувано е работодавачите целосно да ја исполнат обврската која доброволно ја презеле. Согласно член 35 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството регресот  за годишен одмор се исплатува во  висина  од најмалку  40% од основицата,  под услов работникот  да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. Основицата за пресметување на надоместоците на работниците преставува просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци.“, стои во соопштението на ССМ.

Службите за бесплатна правна помош на ССМ во Скопје и во регионалните синдикални претставништва низ Републиката за своето членство обезбедуваат правна помош и заштита и ова право на работниците.

За неодговорните  работодавачи кои не исплаќаат регрес за годишен одмор  или бараат од работниците  да ги  вратат исплатените средства по овој основ,  Кривичниот закон предвидува затворската казна до 1 година. Казна затвор од 3 месеци до една година е предвидена и за работовадачите кои ќе побараат од работник да им врати или ќе примат одреден износ од плата или други надоместоци.

„На работниците на кои нема да им биде исплатен  регресот за годишен одмор им укажуваме дека можат да побараат интервенција од  Државниот инспекторат за труд , или пак да покренат судска постапка за заштита на своите права.“, наведува Сојузот на синдикати.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад

Македонијапред 3 недели

9 мај – Ден на победата над фашизмот

Гостиварпред 2 недели

Сообраќајна несреќа во Гостивар: Повредени пет лица, оштетени пет возила

Гостиварпред 4 недели

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 4 недели

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Гостиварпред 1 недела

Букви на кирилица и глаголица и македонското знаме на натписот Гостивар во пресрет на 24 Мај

Гостиварпред 4 недели

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 3 недели

Кои се старо-нови пратеници, а кој ќе се збогува со Собранието

Бизниспред 4 недели

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена