Гостивар
По првите случаи на корона, во Маврово-Ростуше во изолација медицински персонал и вработени во ЈКП
Откако изминатите денови беа регистрирани првите два случаи на коронавирус во Општина Маврово и Ростуше, во домашна изолација се ставени 14 лица, кои имале контакти со заболените. Едниот пациент е вработен во јавното комунално претпријатие Маврово, и иако една недела пред да биде дијагностициран не одел на работа, колегите со кои делел канцеларија се во изолација. И медицинскиот персонал од Здравствениот дом – Ростуше, кој го лекувал исто така, е изолиран дома. Информациите ги даде градоначалникот Медат Куртовски, на денешниот состанок на Меѓуопштинскиот Кризен штаб во Гостивар.
„Кога ги добивме информациите дека е позитивен, тој веќе една недела не одеше на работа. Бил лекуван од неговиот матичен лекар, а кога дошло до промена на состојбата во однос на покачување на температурата, бил испратен на тестирање во Гостивар и задржан на инфективното одделение. По добивањето на резултатите, останал уште неколку дена на ова одделние, а потоа бил префрлен на Инфективната клиника во Скопје. Според последните информации, пациентот е во стабилна здравствена состојба. Епидемиолозите извршија епидемиолошки анкети и издадени се решенија за самоизолација, на 4 лица од Здравствениот дом, матичниот лекар, две медицински сестри и лаборант, на колегите со кои работел во истата канцеларија и членовите на семејството.“, изјави Куртовски.
Во врска со вториот потврден случај од оваа општина, се работи за возач кој вршел јавен превоз. Во тек е подетална анализа на контактите кои ги имал овој заболен, кој инаку за сега е без симптоми во домашна самоизолација.
„За сега, врзано со овој пациент издадени се решенија на 4 лица за изолација, кои се членови на семејството. Неговите резултати беа добиени во саботата навечер, се уште се вршат епидемиолошките анкети и веруваме дека ќе бидат издадени и повеќе решенија за изолација на други лица кои биле во контект“, наведе градоначалникот.
Според Куртовски, новата состојба не предизвикува застој во работата на јавното комунално претпријатие и Здравствениот дом, кои продолжуваат со тековно извршување на обврските.
Во општината се врши дезинфекција на јавните простори и објекти со цел да се превенира ширење на вирусот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 3 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница
-
Парламентарни избори 2024пред 2 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6