Гостивар
Три новозаразени со корона во Гостивар, од нив две се деца
Денес се регистрираат нови три случаи на коронавирус на подрачјето на Општина Гостивар, две деца и повозрасна жена. Се работи за семеен кластер, односно случаи поврзани со вчера регистриранот брачен пар.
Според информациите кои Gostivarpress.mk ги доби од директорот на гостиварската болница Јакуп Јакупи, новозаболените засега се без симптоми и се наоѓаат во домашна изолација. Брачниот пар останува на лекување на инфективното одделение со полесна клиничка слика.
„Вчера и денес имаме вкупно 5 позитивни случаи, за среќа тоа се членови на едно семејство и случајот е поизолиран. Брачниот пар е на инфективното одделение со лесна симптоматологија, додека другите три члена се во домашни услови. На инфективното одделение моментално се лекуваат уште три други пациенти, и тие се во стабилна состојба. Како болница и медицински лица од наша страна се преземаат сите неопходни мерки. Се надеваме дека не очекува полесен период од заразата, но се зависи од односот на граѓаните. Не треба многу, само да се носи заштитна маска, да се одржува хигиена и да се држи социјална дистанца. Се надевам дека граѓаните ќе ја сфатат ситуацијата малку посериозно и мерките ќе се почитуваат“, апелираше Јакупи.
Од почетокот на пандемијата до сега, во трите општини Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше направени се околу 400 тестирања, од кои вкупно 32 биле позитивни (17 Гостивар, 13 Врапчиште, 2 М.Ростуше). Регистрирани се три смртни случаи, оздравени се 18 лица, меѓу кои и петте здравствени работници, а моментално има 11 активни болни.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 3 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница
-
Парламентарни избори 2024пред 2 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6