Поврзи се со нас

Гостивар

Од недела блокада на Русино, ќе важи и за камионите со ѓубре од Гостивар!

Објавено

на

Од недела точно напладне започнува десетдневно блокирање на патот кој води до Русино. Граѓанската иницијатива „Стоп Русино, чист воздух за Гостивар“, организатори на блокадата, соопштија дека со автомобили и трактори ќе се лоцираат на патот, и нема да пропуштаат камиони и возила со отпад. Други возила ќе можат да поминуваат. Се‘ додека таканаречената депонија гори, блокадата ќе важи и за камионите на ЈКП „Комуналец“ Гостивар.

„Русино се‘ уште гори, тлее и чади. Граѓаните и ние како иницијатива сме разочарани од институциите кои само ветуваат дека ќе се преземат мерки, а не прават ништо. Не сакаме ветувања, сакаме да се интервенира. Нашите итни барања се: Да се запре горењето, да се стават камери и обезбедување за да се спречат или идентификуваат подметнувачи на пожари и општината да поднесе итно барање до надлежните за санација и затворање на ѓубриштето Русино и одредување нова локација и изградба на регионална депонија согласно ЕУ стандардите. Кога ќе се исполнат овие наши барања, приодот ќе биде дозволен само за возилата на Комуналец-Гостивар и тоа редовно ќе се проверува“, велат граѓанските активисти.
Од иницијативата напоменуваат дека надеж полагаат и во Армијата, чии претставници деновиве го посетија Русино и ветиле дека ќе се вклучат во гаснење, доколку продолжи горењето.

На јавната дебата што се одржа пред неколку дена во Гостивар, градоначалникот Арбен Таравари рече дека од понеделник, на околните општини им е е забрането да носат смет, а Русино ќе го користи само гостиварски Комуналец.

Каква ќе биде разврската и текот на настаните со блокирањето и исполнување на барањата на граѓаните, останува да се види.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 8 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 9 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 17 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 1 ден

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 ден

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 1 ден

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 ден

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена