Гостивар
Градинките во Гостивар работат непречено, расте бројката на згрижени деца
Градинките во Гостивар повторно ги отворија вратите за дечињата пред еден месец. Се работи под строги протоколи за заштита од коронавирус. На влез задолжително се мери температура, просториите повеќепати се дезинфицираат и проветруваат, децата често ги мијат рацете, групите не се мешаат, воспитувачките и негувателките задолжително носат маски, оброците се јадат во занималните итн. Од повторното отворање на гостиварските градинки до сега, немало случај на ковид, ни кај вработени, ниту кај деца.
„Да не се подречеме, моментално сме многу задоволни што успеваме да работиме без никаков проблем. Вложуваме максимални напори протоколот да се спроведува во целост, за да го заштитиме здравјето на децата и на вработените“, рече директорката на градинките Мирјана Мицоска.
Најмалите пак, преку песни и игри ги учат новите правила. Една од нив вели вака:
„Здраво другарчиња, повторно сме в градинка,
сите сме заедно, но има нови правила.
Држи растојание, раце често миеме,
во други не киваме и мирно си спиеме“
Постојано расте и бројката на децата кои родителите одлучуваат да ги носат секој ден на престој во градинка. Од 117 колку што беше на почетокот, сега порасна на околу 180 кои секојдневно посетуваат градинка.
И новата градинка „Сонце“ во Горна Бањица веќе почна да згрижува деца. Во услови на пандемија во овој објект може да престојуваат околу 40 дечиња.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 3 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница
-
Парламентарни избори 2024пред 2 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6