Поврзи се со нас

Гостивар

Верниците од муслиманска вероисповед слават Рамазан Бајрам

Објавено

на

Граѓаните од муслиманска вероисповед денес го празнуваат големот верски празник Рамазан Бајрам, кој доаѓа по  едномесечен пост, во кој верниците се воздржуваат од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Празникот утрово почнува со утрински Бајрам-намаз во џамиите, а потоа традициите налагаат посета и честитање на празникот на свои роднини и пријатели.

Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три дена.

„Овој благословен Рамазан, беше со нас во најтешките моменти кои ги донесе опасната болест Ковид-19 и коегзистираше со нас во текот на сите денови во текот на постот. Ова направи вредноста за верникот да биде уште поголема затоа што водевме двојна војна, едната против проколнатиот ѓавол, а другата во нашите напори да придонесеме за исчезнување на вирусот за да се спасат животите на луѓето. Се молиме на Семоќниот Аллах со молитва да го прифати постот, обожувањето, молитвите, милостината на верниците и да ги усреќи срцата на сите луѓе ширум светот, да ги спаси и подигне послабите, да ги помири срцата на луѓето за да живеат во мир и хармонија, да ги лекува срцата и раните на семејствата на жртвите од опасната болест и да го зајакнат нашето единство за доброто на нашите семејства, на нашиот народ и на и целиот човечки род“, рече поглаварот на ИВЗ Реис ул Улема, Шаќир Фетаи во честитката по повод празникот.

Gostivarpress.mk – на сите читатели, пријатели, соработници им го честита Рамазан Бајрам.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена