Поврзи се со нас

Македонија

Не‘ очекува топло и сушно лето

Објавено

на

Во целиот југоисточен регион на Европа се очекува летните температури да достигнат натпросечни вредности. На територијата на Македонија голема е веројатноста за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности, односно можат да достигнат и до 3°C, покажуваат прогностичките материјали на Управата за хидрометеоролошки работи.

Согласно податоците на УХМР, регионалните предвидувања за врнежите се дека на целиот југоисточен регион на Европа може да има врнежи под просечните со веројатност која расте од северозапад кон исток.

Податоците за Северна Македонија покажуваат дека најголемо негативно отстапување на врнежите за оваа сезона се очекува да биде во август. Во планинските делови постои голема веројатност дека просечните врнежи ќе бидат надминати поради епизоди на засилена конвекција и појава на обилни врнежи.

Во претстојната летна сезона, од УХРМ велат дека постои веројатност да се јават периоди со исклучително топло и сушно време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата, но и влажни продори.

Многугодишниот просек во период од 1981 до 2010 година, за температурите на воздухот во летната сезона се движеле од 16°C во планинските предели до 25.3°C измерени во Гевгелија. Врнежите во овој период се во границите од 23.9 милиметри измерени на метеоролошката станица во Штип и до 96,7 mm во Маврово.

 

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена