Поврзи се со нас

Македонија

Дијабетичарите најавуваат тужби поради немање терапија

Објавено

на

    Министерството за здравство попладнево преку соопштение информираше дека се прават напори да се надминат проблемите со кои се соочуваат лицата со дијабет. На почетокот на следната недела, како што стои во соопштението, здруженијата на дијабетичари повторно ќе бидат повикани на средба.

    • Министерството за здравство во целост ги разбира Здруженијата на дијабетичари со кои е во постојан контакт. Апсолутно сме на истата страна во овој случај и даваме максимални напори да ги корегираме пропустите од претходното раководство на Министерството за здравство, кое задоцнило со сите процедури и не ги следело препораките на Комисијата навремено да започне со постапкте. Од првиот ден министерот д-р Фатмир Меџити е во комуникација со Здруженијата и пациентите и транспарентно ги посочи наследените проблеми и причините за пролонгирање на набавките, се вели во соопштението.

    Пациентите со дијабет не ја исклучуваат можноста за тужби против Министерството за здравство затоа што подолг временски период се оставени без терапија.

    • Прво ќе поднесеме претставки до Министерството за здравство. Сите што добиле од специјалист извештај за инсулин, за ленти, за глукомери и за антидијабетна терапија преку адвокат претставките ќе ги достават до Министерството. Доколку Министерството не одговори со позитивен одговор, ќе тужиме, изјави Димче Велев, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари за телевизија Сител.

    Од Министерството за здравство апелираат на воздржаност и разбирање.

    • Тужби не се решение ниту има потреба од нив затоа што Министерството е партнер со здруженијата, но ако тие веќе решиле да тужат, тоа треба да биде насочено кон претходното раководство кое ги создаде проблемите кои денес Министерството се обидува да ги надмине. Уште еднаш апелираме за воздржаност и разбирање, бидејќи се прави апсолутно се што е во моќ на Министерството, запазувајќи ги правните процедури и рокови од кои едноставно не можеме да отстапиме, велат од Министерството за здравство.
    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 5 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 8 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 10 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Македонијапред 13 часа

    За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

    Македонијапред 15 часа

    Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

    Гостиварпред 16 часа

    Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

    Гостиварпред 18 часа

    Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

    Светпред 19 часа

    Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

    Видео емисиипред 1 ден

    ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена