Гостивар
Голомразица и ризик од одрони на патиштата кон Стража, Маврово и по долината на Радика, апел за особена внимателност
Есенските врнежливи денови, покрај другото, причинуваат влажни коловози и отежнато движење на возилата, особено на високите планинските патишта во Полог, кон Стража и Маврово и пред се по долината на Радика, најчесто доцнавечер и во раните утрински часови. Доколку во наредните денови позначително се спуштат температурите, како што најавуваат синоптичарите, на овие патишта можна е појава и на голомразица, како и одрони од земја и камења.
Поради ова, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да бидат крајно внимателни ако патуваат кон Стража, Маврово или Попова Шапка, задолжително да поседуваат зимска опрема и да ја прилагодат брзината според условите на патот.
„На возачите им се советува, исто така, навреме да ја проверат техничката исправност на нивните возила и посебно оние кои вршат јавен превоз на патници со автобуси и комбиња, да не конзумираат алкохол кога седнуваат зад волан и да не управуваат неподготвени и заморени.“, подвлекува портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово континуирано спроведуваат и во наредниот период ќе продолжат со засилени контролни активности, во чие средиште ќе биде техничката исправност, како и брзината со која се движат во и надвор од населените места.
Технички неисправните возила ќе се исклучуваат од сообраќај и ќе следуваат соодветни поднесоци, како и за пребрзите и возачите кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол, потенцираат од полицијата.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа