Гостивар
Гостиварка со повик до кандидатите за градоначалник: Потпишете декларација за лицата со посебни потреби
Гостиварката Маргарита Милошеска, координатор на Ресурсен центар и мајка на девојче со церебрална парализа, покренува иницијатива со која се бара поддршка од кандидатите за градоначалници за достоинствени услови и живот на лицата со посебни потреби. Таа упатува повик до сите кандидати за градоначалник да потпишат декларација со која се обврзуваат дека ќе го слушаат гласот на заедницата на лицата со попреченост и нивните семејства.
„Пред почетокот на Парламентарните избори 2020 г. ги повикав сите политички партии да потпишат договор со кој се обврзуваат дека ќе ни исполнат одредени барања, поддржана од неколку здруженија. Голем дел од партиите го потпишаа договорот. Оваа година пред Локалните избори, ние од Ресурсен центар сакаме да го искористиме моментот и да ги повикаме сите кандидати за градоначалници од целата држава да потпишат декларација со која ќе се обврзат дека за време на нивниот мандат, ќе не‘ поддржат нас родителите, нашите деца и лицата со посебни потреби, и ќе работат на креирање на политиките за заштита на лицата со посебни потреби. Секој од кандидатите кој ќе сака да ја потпише декларацијата, може да не‘ исконтактира ([email protected])“, вели Милошеска.
Во декларацијата се наведува дека кандидатите кои ќе станат идни градоначалници во текот на првите шест месеци од мандатот, општината под нивно раководство ќе направи мапирање на социјалните сервиси и ќе изготви социјален план. Исто така, во текот на првата година од мандатот ќе се направи анекта и евидентирање на сите лица со попреченост, со посебен осврт на нивните потреби, но и на нивните вештини и знаења, во правец на задоволување на потребите и нивна инклузуја, интеграција и социјализација.
„Борбата и надежта за подобра иднина на нашите деца нема да престане, се‘ додека сме живи“, порачуваат од Ресурсен центар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија
Вести
Një gostivarase me thirrje deri te kandidatët për kryetarë: Nënshkruani deklaratë për personat me nevoja të veçanta
Gostivarasja Margarita Millosheska, koordinatore e Qendrës së burimeve dhe nënë e një vajzë me paralizë cerebrale, ngrenë iniciativë me të cilën kërkon mbështetje nga kandidatët për kryetarë për kushte dhe jetë dinjitoze të personave me nevoja të veçanta. Ajo bën thirrje deri te të gjithë kandidatët për kryetarë të nënshkruajnë deklaratë me të cilën obligohen se do t’a dëgjojnë zërin e komunitetit të personave me aftësi të kufizuara dhe të familjeve të tyre.
“Para fillimit të Zgjedhjeve parlamentare 2020 ju bëra thirrje të gjitha partive politike të nënshkruajnë kontratë me të cilën obligohen se do të na përmbushin kërkesat të caktuara, e mbështetur nga disa shoqata. Një pjesë e madhe e partive e nënshkruajtën kontratën. Këtë vit para Zgjedhjeve lokale, ne nga Qendra e burimeve duam t’a shfrytëzojmë momentin dhe t’ju bëjmë thirrje gjithë kandidatëve për kryetarë nga gjithë shteti të nënshkruajnë deklaratë me të cilën do të obligohen se gjatë mandatit të ri, do të na mbështesin neve prindërve, fëmijët tanë dhe personat me nevoja të veçanta, dhe do të punojnë në krijimin e politikave për mbrojtje të personave me nevoja të veçanta. Secili nga kandidatët që do të dojë ta nënshkruaj deklaratën, mund të na kontaktojë ([email protected])”, thotë Millosheska.
Në deklaratë potencohet se kandidatët që do të bëhen kryetarë të ardhshëm gjatë gjashtë muajve të parë të mandatit, komuna nën udhëheqjen e tyre do të bëjë hartë të shërbimeve sociale dhe do të përgatisë plan social. Gjithashtu, gjatë vitit të parë të mandatit do të bëhet anketa dhe evidentim të të gjithë personave me aftësi të kufizuara, me theks të veçantë tek nevojat e tyre, por edhe të aftësive dhe njohurive të tyre, në drejtim të plotësimit të nevojave të tyre dhe përfshirjen e tyre, integrim dhe socializim.
“Lufta dhe shpresa për një të ardhmeje më të mirë për fëmijët tanë nuk do të ndalojë, derisa të gjallë”, porosisin nga Qendra e burimeve.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија