Гостивар
Комеморација во Гостивар во чест на нобеловецот д-р Ферид Мурад

Локалната самоуправа во соработка со средното медицинско училиште вечерва во Гостивар организираше Комеморација во чест на неодамна починатиот нобеловец со гостиварско потекло, д-р Ферид Мурад.
Во своето обраќање пред присутните градоначалникот Арбен Таравари, меѓу другото рече:
„Овој значаен доктор, професор и пријател почина пред извесно време и покрај тоа што беше на возраст во која уживаше и ги преживеа најважните фази, неговото заминување од овој свет предизвика глобални турбуленции. Тоа е затоа што професорот Ферид Мурад беше незаменлива личност. Неговите студии и откритија сè уште се дел од работата на лабораториите кои се на пат да создадат лекови и третмани за болести кои досега се неизлечиви. Посебната наклонетост што сите Албанци ја имаат кон професорот Ферид, а особено гостиварчани, е затоа што тој потекнува од нашата Лакавица. На сите ќе ни недостасува и секогаш со гордост ќе го паметиме. Нека неговото име биде инспирација“.
За животот, делото и постигнувањата на светски познатиот лекар, фармацевт и научник зборуваше професорката Њомза Шаќири.
На Комеморацијата присуствуваа личности од јавниот живот, образованието, здравството, како и ученици и професори од медицинското училиште, а отворена е и книга на жалост.
Д-р Ферид Мурад почина на 5 септември, на 87 годишна возраст.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден