Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар нема заразени со корона, 11 лица се во домашна изолација

Објавено

на

Бројката на заболени од опасниот коронавирус во Македонија се искачи на седум. Здравствените екипи кои ги следат тековите на гостиварското подрачје, оценуваат дека за сега состојбата е стабилна. Во Гостивар нема регистрирани случаи на заразени. Единаесет лица кои допатувале на 27 февруари од Италија се наоѓаат во домашна изолација и се под здравствен надзор. До сега, никој од нив не развил симптоми сомнителни на корона.

Во моментов нема заболен од коронавирус. Единаесет случаи се следат во домашна изолација. Тие до сега не покажале симптоми, а дадени им се препораки доколку им се појават покачена температура, кашлица, проблеми со дишење, да се јават за медицинска помош. Состојбата во моментов е стабилна, ние ги преземаме сите мерки коишто се потребни.“, изјави Јакуп Јакупи, директор на општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.

Домашната изолација за 11-те лица трае до овој четврток (12 март), по што зависно од нивната состојба ќе се одреди дали се потребни натамошни мерки.

Надлежните секојдневно нагласуваат граѓаните да ги следат препораките и советите, со што ќе го намалат ризикот од ширење на вирусот.

„Тие што доаѓаат од странство, иако ги поминуваат прегледите на граничните премини, да обрнат внимание на својата здравствена состојба и ако им се јават сомнителни симптоми да се обратат за помош. Општо, важат мерките за често миење на рецете и лицето, да се избегнува групирање, ракување“, рече Јакупи.

Со одлука на Владата од утре се затвораат гадинките и училиштата и настава нема да има во наредните 14 дена.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Светпред 48 минути

ТикТок во Албанија ќе биде блокиран деновиве, најави Рама

Гостиварпред 3 часа

Света литургија во црквата ,,Успение на Пресвета Богородица” во Гостивар: Не осудувајте, не мразете, од срце проштевајте!

Рецептипред 4 часа

Крцкав чипс од тестенини – совршена закуска за секоја прилика

Технологијапред 19 часа

Зошто треба да е вклучен авионскиот режим на електронските уреди додека се лета со авион?

Македонијапред 22 часа

Протестен марш „Стоп за сообраќајното насилство“- Правда за Фросина

Македонијапред 24 часа

Прометот во големите маркети во четврток и петок намален за 22%

Македонијапред 1 ден

Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство доби веб страница

Македонијапред 1 ден

Како до поголема сообраќајна безбедност: Затворски казни, одземање возила, ефективни контроли за градење сообраќајна култура…

Здравје и убавинапред 1 ден

Лути и лековити – намирници кои го зајакнуваат вашето здравје

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 4 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена