Вести
Лавров: Авионите Ф-16 ги сметаме за нуклеарна закана

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека доставување на воените авиони Ф-16 на Украина за Москва значат нуклеарна закана.
- Самиот факт дека украинските вооружени сили имаат такви системи ќе го сметаме за закана од Западот во нуклеарна смисла. Русија не може да ја игнорира способноста на тие авиони да носат нуклеарни боеви глави, изјави Лавров во интервју за онлајн весникот Лента.ру.
Тој додаде дека Москва ги предупредила САД, Велика Британија и Франција за тоа.
- САД и нивните сателити во НАТО создаваат ризици од директен вооружен конфликт со Русија, а тоа може да има катастрофални последици, предупреди Лавров.
САД во мај одобрија испорака на авиони Ф-16 на Киев. Датумот на испорака и нивниот број сè уште не се утврдени. Украина минатата недела соопшти дека ќе биде формирана „коалиција“ од 11 земји кои ќе ги обучуваат нејзините пилоти за авионите.
Руската нуклеарна доктрина предвидува „строго одбранбена“ употреба на атомско оружје во случај на напад врз Русија со оружје за масовно уништување или напад со конвенционално оружје „што го загрозува самиот опстанок на државата“.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар