Поврзи се со нас

Занимливости

Let”s Pizza автомат за тазе испечени пици

Објавено

на

На улиците низ италјанските градови многу често може да се сретнат автомати за пица, кои за неколку евра и само три минути испорачуваат свежи испечени пици.

Користејќи инфрацрвени зраци и технологија која ја имаат развиено научниците од Универзитетот во Болоња, автоматите сами го прават и месат тестото, потоа го развлекуваат, премачкуваат со сос и ги редат додатоците и на крај го печат.

Целиот процес од внесување на пари, до испорачување на пицата трае три минути.

Креаторот на машината “Let”s Pizza”, италјанецот Клаудио Торгеле, тврди дека автоматите вадат одлична пица.

“Ова не е обична кутија за пица, туку еден вид мини-пицерија. Целиот процес на правење на пицата може да се следи преку стаклото на машината, а децата тоа го сакаат”, објаснува Торгеле.

“Let”s Pizza” автоматот веќе е успешно распространет во Италија и Германија. За сега, нуди само четири видови на пици.

Дел од италијаните реагираат дека автоматот не е за вистинските вљубеници во италијанската пица. Пицата која е создадена во XVIII век во Неапол, не трпи брзо, автоматско производство. Тие истакнуваат дека правењето пица е уметничка вештина и бара трпеливост и посебно знаење.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена