Гостивар
„Метафора на слободата“ на Реџепи – инспирација Кејот во Гостивар да стане уметничко катче
Шеталиштето покрај Вардар во Гостивар од неодамна е разубавено со монументална скулптура, дело на гостиварскиот уметник Џезаир Реџепи. Скулптурата е наречена „Метафора на слободата“, а идејата на авторот е да ги поттикне и мотивира останатите уметници да творат уметнички дела за отворен простор, со што ќе се создаде попријатен амбиент и издигнување на културното ниво.
Проектот е реализиран со поддршка на Министерството за култура и општина Гостивар. Скулптурата денес беше промовирана официјално и предадена на општината.
„Тргнав од фактот дека Гостивар има многу уметници, но нема многу уметнички дела на отворен простор. Идејата се реализираше благодарение на поддршката што ја добив од Министерството за култура и општина Гостивар и еве денес дојде ден официјално да ја промовираме скулптурата. Верувам дека просторот на овој начин се облагородува, а се надевам дека ќе се инспирираат и останатите уметници, па Кејот на Вардар да се претвори во уметничко катче“, рече Реџепи.
На настанот присуствуваа уметници колеги, претставници на локалната самоуправа и пријатели. Меѓу нив деканот на Академијата за ликовни уметности во Тетово, Нафи Јашари и претседателот на Советот на Гостивар, Ваљбон Лимани.
„За да имаме поубав амбиент во градот, ова нека биде мотив и други уметници да прават слични проекти“, порача Лимани.
Џезаир Реџепи е роден 1983 година, во горнореканското село Тануше. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Тетово, а работи во Конзерваторскиот центар во Гостивар. Имал неколку самостојни изложби, а активен е со учества на домашни и меѓународни ликовни колонии и уметнички манифестаци.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија
Вести
“Metaforë e lirisë” e Rexhepit- inspirim Keji(shëtitorja rreth Vardarit) në Gostivar të bëhet kënd artistik
Shëtitorja përreth Vardarit në Gostivar prej para pak kohësh është zbukuruar me skulpturë monumentale, vepër e artistit gostivaras Xhezair Rexhepi. Skulptura është e quajtur “Metaforë e lirisë”, kurse ideja e autorit është t’i nxisë dhe motivojë artistët e tjerë të krijojnë vepra artistike për hapësirë të hapur, me çka do të krijohet ambient më i ngrohtë dhe ngritje e nivelit kulturor.
Projekti është i realizuar me mbështetje të Ministrisë së kulturës dhe komunës së Gostivarit. Skulptura ishte e promovuar sot zyrtarisht dhe e dorëzuar komunës.
“Jam nisur nga fakti se Gostivari ka shumë artistë, por nuk ka shumë vepra arti në të hapur. Ideja u realizua falë mbështetjes që mora nga Ministria e Kulturës dhe Komunës së Gostivarit dhe sot erdhi dita e promovimit zyrtar të skulpturës. Besoj se në këtë mënyrë po fisnikërohet hapësira dhe shpresoj që të frymëzohen edhe artistët e tjerë që Keji i Vardarit të kthehet në një kënd arti”, tha Rexhepi.
Në këtë ngjarje morën pjesë kolegë artistë, përfaqësues të pushtetit vendor dhe miq. Mes tyre janë dekani i Akademisë së Arteve të Bukura në Tetovë, Nafi Jashari dhe kryetari i Këshillit të Gostivarit, Valbon Limani.
“Për të pasur një ambient sa më të bukur në qytet, le të jetë ky motiv që edhe artistët e tjerë të bëjnë projekte të ngjashme”, porositi Limani.
Xhezair Rexhepi u lind në vitin 1983 në fshatin Tanuse të Rekës së Epërme. Ka diplomuar në Fakultetin e Arteve të Bukura në Tetovë, dhe punon në Qendrën Konservatore në Gostivar. Ai ka pasur disa ekspozita vetjake, si dhe është aktiv me pjesëmarrje në koloni të artit vendas dhe ndërkombëtarë dhe ngjarje të artit.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија