Гостивар
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Почитувана публико, дојде време за ново издание на видео емисијата „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk која започнавме да ја емитуваме на нашиот Jутуб канал. Потсетуваме дека се работи за серијал емисии посветени на теми од интерес на јавноста, проблематики што ги мачат граѓаните, особено ранливите категории, со цел да придонесеме за подигнување на свеста и реакции од институциите за позитивни промени.
Во ова издание, кое премиерно ќе се емитува вечерва (30 август) во 21 часот зборуваме за дијабетесот, една од најчестите хронични состојби во светот, со која се соочуваат и живеат голем број луѓе. Акцентот го ставаме на нивните предизвици и проблеми, недостигот на инсулин и друга терапија, битките со институциите кои овие луѓе ги водат за обезбедување на она што како човеково право им следува – здравствена грижа и заштита. Ќе може да слушнете како дијабетичарите и нивните семејства се снаоѓаат со инсулинска терапија, ленти за мерење шеќер во крвта, какви се состојбите конкретно во Гостивар. Отворено говориме за неопходноста од сензори за мерење, особено за дечињата, за да не мора да се боцкаат и до 10 пати дневно…
Наш сооворник е Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари „Вардар“ во Гостивар, и професор по физичка култура.
Сите видео емисии од овој серијал се со толкување на знаковен јазик, за глуви и наглуви лица.
НЕ ПРОПУШТАЈТЕ!
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!