Македонија
МВР се` уште нема сознанија за причините за смртта на Илиевски, видливи траги на насилство немало
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2018/07/vlatko-ilievski-0707.jpg)
Фановите, соработниците и пријателите на младиот пејач Влатко Илиевски се` уште се во шок и голема тага по веста за неговата смрт. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денес беше во посета на Гостивар рече дека за сега немаат сознанија за причините поради кои настапила смртта.
„Се` уште немаме никакви сознанија, кога ќе имаме информација која треба да биде споделена со јавноста, тоа ќе го соопштиме.“, изјави кусо Спасовски.
Јавното обвинителство излезе со соопштение дека работат на утврдување на причините и дека на телото немало видливи траги на насилство.
„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје работи на расветлување на причините за смртта на машко лице, чие безживотно тело беше пронајдено доцна синоќа во автомобил на улица „Трета македонска бригада“ во Скопје. Според првичните информации, кај починатото лице не биле видливи траги на насилство. Јавниот обвинител издаде Наредба за обдукција на починатиот, како и насоки за прибирање на траги пронајдени на лице место на кои ќе претстои вештачење. Возилото е запечатено и исто така е предадено на вештачење. Се преземаат сите дејствија за да се утврдат причините за смртта“, наведуваат од обвинителство.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа