Македонија
Нови правила: Кафулињата, рестораните, обложувалниците можат да сторнираат сметка само до 15 минути по издавањето
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2018/05/fiskalna.jpg)
Новини во Законот за регистрирање на готовинските плаќања. Во угостителските објекти и обложувалниците фискалните сметки ќе може да се сторнираат само во првите 15 минути од нивното издавање, додека во сите дејности за поништените сметки ќе мора да се приложуваат нови фискални сметки.
Новините беа презентирани денес на прес конференција во Управата за јавни приходи.
„Се пропишува временско ограничување од 15 минути за сторнирање сметка за пијалаци и храна во ресторани, кафулиња, дискотеки и во обложувалници, како и приложување на фискалната сметка кон сметката којашто се сторнира. При издавање на фискална сметка ќе треба точно да се внесе начинот на плаќање, сали сметката ќе се плати во готово или со платежна картичка. Во случај на повторување на прекршоците од страна на даночните обврзници, со измените се пропишува и забрана за вршење на дејност во деловна просторија на определен временски рок.“, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Анализите на УЈП покажале дека трендот со сторнирани сметки продолжува. За две години има над 1 милијарда денари сторниран износ, од вкупен промет околу 17 милијарди денари.
Од нив 14. 806.212.149 денари изнесува износот платен во готово и 2.381.899.780 денари е износот платен електронски или со платежни картички.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа