Гостивар
Отворени 80 работни места во Пошта – Во Гостивар ќе се примат тројца работници
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2019/10/pisma1.jpg)
АД „Пошта на Северна Македонија” ќе вработи нови осумдесет работници. Јавниот оглас за пополнување на работните места беше објавен на 1-ви октомври, и предвидува вработувања во дирекцијата во Скопје, како и во подржужници на Пошта во градовите низ земјава, меѓу кои е и Гостивар.
Во Гостивар отворени се три места за шалтерски работници. Како што стои во огласот, вработувањето е на неопределено, со полно работно време организирано во смени и основна плата од 17 илјади денари.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови: 4-ти степен на образование, средно птт, средно економско, гимназија или друго средно училиште; со или без работно искуство.
Пријавите со потребните документи се поднесуваат во архивата на Дирекцијата во Скопје или во архивата на Подружницата во Гостивар.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа