Вести
Поради поголем дефект градинката „Пролет“ во Гостивар остана без греење
Утрово околу девет часот, во објектот на гостиварската детска градинка „Пролет“, на улица Беличица, настанал дефект во системот за парно греење. Во делот кадешто се наоѓа опремата за централно греење, дошло до протекување на вода, што предизвикало проблеми со електричната енергија и работењето на пумпите. Родителите кои ги однеле дечињата наутро во градинка биле повикани да ги земат дома.
„Повикани се екипи кои работат на отстранување на дефектот, за што веројатно ќе треба повеќе време. Поголемиот дел од родителите утре нема да ги носат децата, но за оние кои немаат друга опција за чување, ќе обезбедиме една до две затоплени простории“, објасни Наташа Саздоска, директор на градинките во Гостивар.
Колкава е штетата од настанатиот дефект, сега за сега не може да се каже.
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград