Вести
Кражба во куќа во Сенокос
Четириесет и едногодишниот Ф.А. од гостиварското село Сенокос, завчеравечер ( 4 март ) пријавил тешка кражба која била извршена дента во периодот од 15 до 21 часот. Засега непознати сторители, најпрво се обиделе да го отворат прозорецот од западната страна на куќата, но не успеале, по што насилно ја отвориле балконската врата, влегле внатре и од регал во спалната на првиот кат одзеле дрвена кутија со разновиден златен накит и 500 евра, информира полицијата.
Со одземениот накит и пари, незабележани од никого, ја напуштиле куќата, противправно стекнувајќи се со вкупна имотна корист која се проценува на милион и 30 илјади денари.
По извршениот увид се превземаат мерки и активности за целосно расветлување на пријавеното и за откривање на сторителите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 3 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница
-
Парламентарни избори 2024пред 2 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6