Гостивар
Пожар кај тетовска Волковија, смрдеа и чад стигнува до Гостивар

Граѓаните на Гостивар реагираат дека од претпладнево во градот се чувствува интензивна непријатна миризба и чад. Од утрово за ист проблем алармираа и тетовци.
Читател на Gostivarpress.mk ни испрати фотографија од пожар настанат на депонија близу тетовското село Волковија, кој најверојатно поради ветрот и топлото време зел поголем размер, лесно се проширил и излегол од контрола.
Пожарите на отворено периодов се зачесетни. Според евиденцијата на СВР Тетово, изминатите неколку дена на подрачјето кое го покрива, пријавени се десетина, на различни локации. Најчесто гори сува трева, меѓи како и ѓубришта.
Полицијата го повторува апелот до граѓаните максимално да бидат внимателни кога работат или се движат на отворен простор, да не фрлаат отпушоци и догорчиња, да не палат „излетнички огнови“, но и да не ги палат меѓите и стрништата во нивите.
Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека предизвикувањето пожар намерно или од невнимание законски се санкционира и со затворски казни кои, зависно од видот и крајните последици, се движат од 6 месеци до 5 години, односно до 8 години доколку станува збор за шумски пожар од поголеми размери.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!