Поврзи се со нас

Вести

Познати институциите кои наводно злоупотребиле европски пари, во тек се предистражните постапки

Објавено

на

Се знае кои се јавните институции поврзани со критиките од ЕУ за наводни злоупотреби на европските пари, но, тие нема да бидат откриени додека не завршат предистражните постапки кои се во тек. По конечните одлуки, ќе им се намалат средства од редовните програми и ќе се бара лична одговорност од луѓето кои ги раководеле.

Како што рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, тоа што е увидено како евентуална злоупотреба не е ништо спектакуларно и е под пет отсто од средствата што се користат.

Тоа што е увидено како евентуални злоупотреби е во рамки на просекот на тоа што се увидува во секоја земја-членка на ЕУ и во земјите потенцијални кандидати за членство во ЕУ, ништо спектакуларно морам да признаам. Тоа е дури под пет отсто од средствата што се користат. Тоа што беше најавено минатиот период е на ниво на информации и покренати постапки, се уште нема исход од ниту една од нив, дали ќе треба да се вратат средства. Во ЕУ постои механизам, т.н. офсетинг, според кој, ако се увиди дека има неискористеност или искористеност на средства на ниво на непланирани и непризнаени трошоци, тие или се намалуваат од други програми или се бараат од крајниот корисник. Во овој случај, тоа се јавни институции и веројатно, штом добиеме одлука за која било од нив, ќе им се намалат од редовните програми и ќе се бара лична одговорност од луѓето кои ги воделе институциите во тој временски период. Се знаат институтциите, но бидејќи има предистражни постапки, не би сакале да ги обзнаниме. Кога ќе има конечен исход, ќе бидат соопштени, истакна Битиќи по панелот „Економските придобивки од интеграцијата во ЕУ за компаниите и граѓаните во Северна Македонија“, во рамки на кампањата на Владата на Република Северна Македонија „Европска иднина, поблиску од кога било“.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад

Македонијапред 3 недели

9 мај – Ден на победата над фашизмот

Гостиварпред 2 недели

Сообраќајна несреќа во Гостивар: Повредени пет лица, оштетени пет возила

Гостиварпред 4 недели

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 4 недели

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Гостиварпред 1 недела

Букви на кирилица и глаголица и македонското знаме на натписот Гостивар во пресрет на 24 Мај

Гостиварпред 4 недели

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Бизниспред 4 недели

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Македонијапред 3 недели

Кои се старо-нови пратеници, а кој ќе се збогува со Собранието

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена