Вести
Претрес на гостиварската полиција: Зад шанкот криеле најлонски кесички со прашкаста материја
Синоќа во периодот од 23 и 40 минути до 00 и 45 минути, по претходно изготвена судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Гостивар и полициско одделение Галате, извршиле претрес во угостителски објект, сопсвеност на 49 годишно лице од селото Неготино Полошко.
Како што соопшти СВР Тетово, при претресот веднаш позади шанкот биле пронајдени, девет најлонски кесички со остатоци од непозната прашкаста материја, и една чинија со видливи траги од наведената материја, што упатуава на основ на сомнение, дека во истата просторија се користеле опојни дроги. „Предметите се уредно обезбедени и подигнати од лице место, од страна на крим техника, а со потврда се одземени од лицето кое работело како шанкист во локалот, за вештачење и понатамочна постапка“, извести полицијата.
Во угостителскиот објект, при претресот биле затекнати повеќе лица како и девојки кои работеле како пејачки и танчарки.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа