Поврзи се со нас

Македонија

Промени во политиките за да се спречи егзодусот на младите, апел од МОФ

Објавено

на

Младински образовен форум (МОФ) изразува јавен апел до државните институтции по добиените бројки дека Македонија се наоѓа на петтото место за одлив на мозоци.

Истражувањето на Државниот завод за ревизија, покажува дека 40% од високообразовниот кадар ја има напуштено државава и дека државата не поседува целисходни документи и стратегии за спречување на одливот или истите не ги спроведува доследно.

Како главни причини зошто младите сакаат да заминат од државата се наведени недостатокот од соодветни работни места и услови за работа, но и целокупната корупција која владее во државата и влијае на нефункционалниот образовен, здравствен и судски систем.

„Од друга страна младите во кои државата инвестирала да ги зголемат своите знаења и капацитети преку државните стипендии за студирање во странство остануваат заборавени. Имено, државата во 2012 година ја лансира програмата за стипендирање на македонски студенти на првите 100 Универзитети според Шангајска листа и нуди можности за студентите да се образоваат во странство, а за возврат програмата ги обврзува студентите да се вратат во државата и да го инвестираат своето знаење во македонскиот државен и приватен сектор. За жал, оваа програма иако дизајнирана да ги поттикне младите да се вработуваат во македонското општество истата е нефункционална. Последното истражување на МОФ, ,,Неискористен студентски потенцијал” покажува дека државата од 2012 до денес, стипендирала 389 студенти да студираат на првите 100 универзитети на Шангајската листа, но речиси ниту еден студент не бил исконтактиран од државните институции.“, извести МОФ.

Од таму нагласуваат дека наодите од истражувањето дополнително ги истакнуваат значајните пропусти во имплементирањето на стипендијата. Имено, споделените податоци од Министерството за образование и наука и искуствата на поранешните корисници на стипендијата посочуваат пропусти во недоволната и несоодветна евиденција што се води за стипендистите, недоволниот мониторинг во процесот на студирање, како и слабите напори да се обезбедат соодветни работни места што одговараат на квалификациите стекнати од страна на студентите. Во бројки, тоа државниот буџет го чини 40 илјади евра по студент на годишно ниво. Овие бројки се праволиниски со истражувањето на Државниот завод за ревизија според кое, отселувањето на младите ја чини Македонија 44,7 милијарди денари. Тоа е загуба од 8,34% во македонскиот БДП.

МОФ нагласува дека моменталните мерки или не вродуваат со никаков плод или се директен стимул за отеселувањето на младите. „Затоа е потребно итно спроведување и ревидирање на веќе постоечките мерки кои се насочени кон подобрување на условите за образование, нудење на повеќе можности и мерки за вработување и директно инвестирање во младинскиот капитал. Промени во политиките со цел да се спречи младинскиот егзодус се потребни и во судството, здравството и целокупната државна инфракструктура. Младите не треба да се гледаат како изолирана хомогена таргет група, напротив истите треба да бидат дел од сите политики кои ги носи државата бидејќи се рефлектираат на нив.“, се вели во соопштението.

Финално, ја посочуваат потребата од итни реформи во сите сектори во државата како и вклучување на младите во нивно креирање и доследно спроведување.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 4 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 4 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 3 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Гостиварпред 5 дена

Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ

Вестипред 4 недели

Ефикасна смеса за чистење ‘рѓа од две состојки кои ги имаме дома

Гостиварпред 2 недели

Дорис Димовска, млада музичка надеж од Гостивар подготвена да ја освојува сцената

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена