Најубава новост за сите оние кои обожаваат крофни со најразлични филови и во најоригинални вкусни варијанти. Вчера во Гостивар се отвори ново слатко катче „City Donuts & Caffee“, вистински мал рај за сладокусците. Овде можете да ги најдете крофните од вашата фантазија, подготвени по оригинален рецепт, без вештачки додатоци, со секогаш свежи намирници.
„Пред неколку години бевме во САД, земја каде без овие крофни не може да се замисли секојдневието. И секогаш ни будат убави спомени. Одлучивме да ги донесеме и понудиме во нашиот град“, ни појаснуваат сопствениците како дошле до идејата за „City Donuts & Caffee“ во Гостивар.
На менито освен крофни се наоѓаат: вафли, палачинки, цедени сокови, повеќе видови на кафе, смути.
На „слаткото“ отварање најрадосни и во најголем број беа присутни најмладите кои со нетрпение чекаа да ги вкусат шарените и вкусни крофни полни со топен крем. Покрај нив во голем број присуствуваа љубителите на слатки нешта.
Нема сомнеж, „City Donuts & Caffee“ ги исполнува сите услови да прерасне во омиленото место за вкусни задоволства и кафе.
Се наоѓа на ул.Беличица бр.33, веднаш до противпожарната служба во Гостивар. Телефонскиот број за порачки е 077 567 561. Во најбрзо време ќе започне со работа и деливери сервисот.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK