Вести
Се санира дефектот на главниот цевковод – вода ќе биде пуштена околу 17 часот
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2017/12/voda-naslovna.jpg)
Како што информиравме вчеравечер, од утрово во Гостивар и селата приклучени на градскиот водоводен систем, нема вода поради изведување на работи за санација на дефект на главниот цевковод. Gostivarpress.mk беше на локацијата кај селото Здуње, кадешто екипи на јавното претпријатие Комуналец работат на отстранување на дефектот.
Според зборовите на директорот на претпријатието Исак Лазами, станува збор за поголем дефект кој датира од пред неколку години, и поради кој имало големи загуби на вода во водоводниот систем. „Очекуваме некаде до 17 часот да завшриме со санација по што водоснабдувањето ќе се нормализира“, извести Лазами.
Освен загубите на вода од 30%, дефектот причинувал проблеми и на жителите од околните куќи со излевање на вода на патот и поплавување на подрумските простории.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа