Поврзи се со нас

Македонија

Тошковски: За најмногу два месеци ќе се нормализира процесот на вадење патни исправи

Објавено

на

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека може да се очекува најмногу за два месеци да се нормализира процесот на издавањето на патни исправи, односно чекањето на граѓаните да се сведе во рамки на законскиот рок од 15 дена.

Во интервју за Топ Тема на ТВ Телма, Тошковски рече дека најмногу 80 дена се чекало од фотографирање до издвање на патна исправа, но сега рокот е значително намален.

„Од аспект на чекањето, да, се чека се уште, но отприлика за месец и половина до два, нашите очекувања се дека со континуирано производство на бројките како што беше последните четири месеци, пак, по 80.000 месечно, затоа што бројката на фотографирање е намалена отприлика на половина во споредба со она што беше претходно, ние за два месеци од сега ќе се вратиме во нормала. Ако граѓанинот се фотографира, да речеме на први, за петнаесетина дена, во рамки на законски дозволениот рок, во редовна постапка ќе се стекне со патна исправа“, рече министерот за внатрешни работи.

Според него, во изминатите пет месеци се издадени околу 400.000 патни исправи, и тоа се бројки, според неговите зборови, кои претходно се работеле и по две години.

„Факт е дека она што го сработевме за овие четири месеци се бројки што претходно ги работеле две години или повеќе. Ние за четири месеци успеавме да фотографираме и да издадеме некаде над 400.000 патни исправи. Мислам дека она што можеше да се направи се направи и граѓаните го видоа тоа, но факт е дека проблемот се уште го има, и факт е дека исто така бројките се намалуваат“, рече Тошковски.

Посочи и дека издавањето на патни исправи по итна постапка исто така е вратено во нормалниот рок од 48 часа.

Министерот рече дека во иднина ќе се бара софтверско решение кое ќе ги поедностави процедурите, и граѓаните ќе можат со едно фотографирање и една апликација да извадат повеќе документи, наместо како што е сега – посебно фотографирање за секој личен документ, патна исправа или возачка дозвола.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 4 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 3 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Гостиварпред 4 дена

Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ

Вестипред 4 недели

Ефикасна смеса за чистење ‘рѓа од две состојки кои ги имаме дома

Гостиварпред 2 недели

Дорис Димовска, млада музичка надеж од Гостивар подготвена да ја освојува сцената

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена