Гостивар
Утре клучна средба на Синдикатот и МОН – договор или штрајк во училиштата?
Најавената утрешна средба меѓу Синдикатот за образование и наука и ресорното Министерство е клучна по прашањето за покачување на платите на просветните работници. СОНК бара повисоки плати за 25% и зголемувањето да важи од јануари 2020-та година. Во спротивно, ќе биде донесена одлука за организирање на генерален штрајк во основните и средните училишта.
До сега се одржаа неколку состаноци меѓу МОН и СОНК, но не беше постигнат конечен договор. Изминатиот понеделник, Министерството од Синдикалците побара уште време за пресметки и консултации околу процентот на зголемување на платите. Доби седум дена и утре (понеделник, 7 октомрви) треба да излезе со конкретна понуда.
Министерот Арбер Адеми вчера во врска со оваа проблематика, изјави дека е оптимист, не сака да мисли на лоши сценарија и верува дека ќе се постигне договор.
СОНК новата учебна година ја започна со предупредувачки еднодневен штрајк.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа