Поврзи се со нас

Гостивар

Величествена прослава на Акатистот кон Пресвета Богородица во Кичево

Објавено

на

Во манастирот „Пресвета Богородица-Пречиста“ – Кичево, кој е под закрила на Бигорскиот манастир се одржа третиот великопосен Акатист кон Пресвета Богородица, а настанот со своето присуство го збогатија високопочитуваните митрополити: г. Кирил Имвроски и г. Дамаскин Дидимотиски.

Свеченоста започна со традиционален пречек кој што беше приреден за високо-почитуваните гости, кон кои голема благодарност и почит за нивното присуство, во своето обраќање изрази владиката Партениј.

Тој го истакна значењето на заедништвото во верата и благодарноста кон Пресвета Богородица за нејзината безусловна љубов и заштита.

Митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил, и Митрополитот на Дидимотика, Орестијада и Сулфи, г. Дамаскин, истакнаа дека нивното присуство во манастирот Пречиста е израз на единството меѓу православните христијани.

Тие исто така зборуваа за значењето на жртвата и верноста кон Бога, како и за важноста на благодарноста и молитвата во секојдневниот христијански живот.

Настанот беше исклучителен пример на духовното единство и силата на православната вера, придружен со благодатна радост и заеднички молитви за мир.

Тој ја потврди длабоката почит кон Пресвета Богородица, како извор на надеж и вечна утеха, но и историската и духовна важност на манастирот Пречиста, како место на молитва, подвиг и заедничарење, нагласувајќи ја неговата улога во одржувањето и промовирањето на православните христијански вредности.

Во присуство на голем број верници од сите делови на државава, денеска во 16 часот ќе се одржи мала вечерна, а сеноќното молитвено бдение ќе започне во 20:30 часот, додека Света Архиерејска Литургија ќе биде отслужена одделно од бдението и ќе започне утре, во 9 часот.

Посебна чест ни е тоа што  имаме прилика на секоја жена, мајка, девојка, да и подариме картичка со икона од Пресвета Богородица, во спомен на Благовештението на Мајката Божја кој е хростијански празник на жената и мајката, вели сестра Харитина.

фото:Бигорски манастир

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 11 часа

Донесени дополнувањата на Законот за енергетика кои треба да спречат поскапување на струјата

Технологијапред 13 часа

Сѐ што треба да знаете за вашиот клима уред

Вестипред 14 часа

ЕУ почна преговори за членство со Украина

Македонијапред 15 часа

Таравари: Се надевам на огромен број вработувања во здравството до крајот на годината

Македонијапред 16 часа

Пороен дожд, грмежи и силен ветер до петок

Македонијапред 17 часа

Мицкоски: Ветерниот парк на „Алкараз Енерџи“ најголема инвестиција во делот на обновливите извори во регионот

Гостиварпред 19 часа

Промоција на монографија за Заре Лазаревски, творецот на Ски-центарот Маврово

Гостиварпред 20 часа

Гостиварец ја пријавил сопругата во полиција заради агресивно однесување

Гостиварпред 21 час

Во делови од Гостивар прекин на водоснабдувањето поради санирање дефект

Гостиварпред 2 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Македонијапред 4 недели

Нови цени на горивата од полноќ!

Видео емисиипред 2 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 2 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Гостиварпред 2 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 4 недели

Во пресрет на доаѓањето на печалбарите подготовки и мерки за ред во сообраќајот

Гостиварпред 4 недели

Неуморен автор! Гостиварецот Кипроски промовира уникатна и ретка монографија

Гостиварпред 1 недела

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена