Поврзи се со нас

Регион

Вучиќ прогласи победа на СНС на локалните избори

Објавено

на

Претседателот на Србија и член на Претседателството на СНС, Александар Вучиќ, во обраќањето од изборниот штаб на напредњаците, заедно со коалиционите партнери СПС со Ивица Дачиќ, Заветници и други, прогласи победа на СНС на локалните избори и порача дека „СНС влегува во нова ера и дека имаат отворен мандат за се што побарале од народот“, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ во обраќање од изборниот штаб на СНС, по гласањето на локалните избори, изјави дека во Белград нивната изборна листа од вкупно 110 ќе има 63 мандати.

Тој истакна дека голема победа е забележана и во Нови Сад.

-Во Белград ќе имаме 63 одборнички места, нашата листа има 52 отсто од гласовите од оние што излегоа, тоа е неверојатна победа, убедлива победа и во Нови Сад, 45 места, речиси 53 отсто од гласовите, изјави Вучиќ.

Што се однесува до резултатите во белградските општини, Вучиќ рече дека во две се интересни резултатите, додека во другите 15 општини имаат мнозинство.

„Она што е важно е да им честитаме на политичките противници за големиот број гласови во одредени локални самоуправи“, додаде Вучиќ.

-Во Ниш, како што очекувавме, беше најтешко, ќе биде 32-29, но за во Ниш имам предлог да разговараме и да видиме како и на кој начин може да се решат проблемите во иднина, бидејќи една група граѓани освои 23 проценти, тоа е огромен број гласови и тоа не смееме да го потцениме, рече Вучиќ.

Тој ги наведе и успесите во Војводина, каде во Суботица СНС освоила речиси 50 проценти, „а секаде од Кикинда, Сомбор, Сремска Митровица се освоени над 63, 64 проценти на гласови“.

Во врска со настаните околу Кол центрите на Новосадски саем и во Белград , тој кажа дека било тажно да се гледаат овие напади.

-Само сакам сите луѓе во Србија да знаат дека не само што е ова е дозволено, туку и пожелно е да постојат во сите нормални и цивилизирани земји, да се борите за секој глас, да ги повикате вашите гласачи да излезат, да обезбедете поголема излезност. Нема ниту една земја во светот каде тоа не се прави. Тоа го прават и нашите противници. Единственото прашање што може да се постави овде е дали сме платиле закупнина на просториите и закупнина на телефонски линии. Ако не, тоа е срамно за нас, рече Вучиќ.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Македонијапред 4 недели

Нови цени на горивата од полноќ!

Видео емисиипред 2 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 2 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Гостиварпред 2 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 4 недели

Во пресрет на доаѓањето на печалбарите подготовки и мерки за ред во сообраќајот

Гостиварпред 4 недели

Неуморен автор! Гостиварецот Кипроски промовира уникатна и ретка монографија

Гостиварпред 1 недела

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена