Гостивар
1.000 брзи ковид тестови најдени во багаж на гостиварец при контрола на граница
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2021/08/237365872_3089925694624687_3559914748664576458_n.jpg)
При контрола на автобус пријавен за влез на ГП Табановце, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 1000 парчиња антиген тестови за Ковид 19.
Царинската управа соопшти дека вчера (22 август) во 13 часот на ГП Табановце за влез се пријавил автобус со македонски регистарски таблици на превозник од Гостивар, управуван од С.М од Гостивар, кој сообраќал на линија Германија- Струга. При извршена детална контрола, во багажниот простор биле пронајдени непријавени 3 пакети од патникот Б.С од Гостивар, во кои се наоѓале 1.000 парчиња антиген тестови за Ковид 19 Hotgen, со вкупна вредност од околу 50.000 денари.
Стокaта е привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Одделението за прекршочна постапка при Царинската управа.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа