Гостивар
Тамара од Гостивар ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг!
Дванаесетгодишната Тамара Грујеска е избрана за претставник на Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2023.
Македонската радио-телевизија соопшти дека ја избра малата талентирана гостиварка по одржана аудиција, а на натпреварувањето таа ќе биде поддржана од авторски тим од реномирани уметници. Јуниорскиот Евросонг ќе се одржи на 26-ти ноември во Ница, Франција.
„Првите почетоци во светот на музиката Тамара ги прави на само пет години и оттогаш постојано е активна на детските фестивали во земјава и странство. Таа е уникатна и бестрашна. Препознатлива е по моќните изведби и неверојатен вокал кој освојува и никого не остава рамнодушен. Доказ за тоа се и големиот број на награди кои ги освојува, не само во Македонија туку и на интернационални натпревари.“, стои во официјалната објава на Евровизија Македонија.
Тамара има бројни успеси на музичко поле: највисока награда Гран При на Интернационален музички фестивал во Русија, лауреат прв степен на Фестивалот “Езерски Бисери” во Струга, Гран при на интернационалниот Фестивал “Ѕвездички” во Прилеп и Гран при на Фестивалот “Шкољкице” во Нови Сад, Србија, гран при на меѓународен фестивал во Белград, Србија итн…
Тамара е ученичка во основното училиште „Гоце Делчев“ – Гостивар во седмо одделение и во Основното музичко училиште „Тодор Скаловски“-Тетово отсек „соло пеење“.
Има издадено две песни: „Музиката во мене има дом“ и „Имам сила“.
-
Македонијапред 3 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 3 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Парламентарни избори 2024пред 2 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница
-
Гостиварпред 3 месеци
„Пациенти“ во Гостивар, урнебесна комедија за брачните „војни“