Македонија
Доцевска-Божиновска: Судот во Стразбур наведе бројни повреди и прекршувања за притворот за „27 април“
Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека на Елена Доцевска-Божиновска, советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Куманово, ѝ биле прекршени правата при постапката за одредување притвор во врска со упадот во Собранието на 27 април 2017 година.
Доцевска-Божиновска на социјалните мрежи објави дека во пресудата се наведени бројни повреди и прекршувања во текот на целата постапка за настанот од 27 април 2017 година. Таа во тој период беше вработена во Кабинетот на тогашниот претседател на Собранието.
Во Судот во Стразбур, Доцевска-Божиновска се жалеше дека судот и обвинителството ги одолговлекувале нејзините жалби за притворот.
Кумановката Доцевска-Божиновска беше една од 33-та обвинети за случувањата во Собранието на 27 април.
„Поминаа пет години … во претходната фаза од постапката, минатата година ми беше понудена спогодба. Ја одбив без размислување! Сакам правда, не пари“, напиша Доцевска-Божиновска.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 3 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница
-
Парламентарни избори 2024пред 2 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6