Гостивар
Контрола на пешаци низ Гостивар и Тетово: Ќе платат казни до 50 евра и ќе одат на сообраќајна поука
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2023/05/pesacki-e1684327557604.jpg)
Денеска (18 октомври) во периодот од 9 до 14 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на прекршоците што ги чинат пешаците во сообраќајот. Притоа, биле констатирани и санкционирани вкупно 46 прекршоци (Тетово-31 и Гостивар -15), од кои најголемиот број се однесувале на преминување на коловозот надвор од обележаните пешачки премини. На пешаците-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и покани за нивно присуство на сообраќајна поука, извести полицијата со напомена дека паричните казни се движат од 20 до 50 евра.
При контролата, исто така, биле констатирани и санкционирани и 9 други видови сообраќајни прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до пешаците да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.На пешаците им се советува да не ги преминуваат улиците на недозволени места, а возачите да им даваат предност, односно секогаш да ги пропуштаат пешаците.
-
Македонијапред 3 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 5 дена
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Гостиварпред 3 месеци
Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Видео емисиипред 3 месеци
Заокружена првата сезона од емисијата „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk