Гостивар
Протест на медицинари во Гостивар: Платите ни се понижувачки, кадарот го фрла белиот мантил
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2023/11/dsc_7634.jpg)
„Слушаме постојано во нашава земја дека бараме да се оди во Европа, а нашите плати се како во Азија, понижувачки. Ние не бараме ништо друго освен да ни се исполни тоа што го пишува во колективен договор и тоа што го предвидува законот. Минималните плати да бидат такви какви што се во сите други институции во државата. Апелирам до институциите да не сфатат сериозно“, порача претседателот на независниот синдикат на болницата во Гостивар, Џеват Салиу на денешниот протест кој се одржа претпладнево пред болничката зграда.
Медицинарите истакнаа дека сакаат „европски плати“, да им се цени трудот и одговорностите кои како здравствени работници ги имаат на работните места.
„Во однос на платите ние како медицинари сме понижени, имајќи предвид какви одговорности, какви обврски имаме кон пациентите. Еве како пример, за разлика во приватен сектор некој што работи да речеме маркетинг зема два пати повеќе плата, затоа и медицинари се приморани да напуштаат работно место, да фрлат белиот мантил и да си одат, да работат било каде, во маркет или бутик, а да земаат поголема плата од медицинска сестра. Затоа и бегаат, ако немаш добра плата, зошто и да работиш?“, кажа Салиу.
Независниот синдикат на болницата има 152 члена и е дел од Независниот синдикат на државната администрација.
„Бараме зголемување на платите, усогласување на платите согласно Законот за минимална плата, исплата на бенифициран стаж на местата согласно правилник за утврдување на работните места. Во здравството имаме егзодус на медицинскиот и помошно техничкиот персонал со цел да имаат поголема плата заминуваат во пореспектирани и понеодговорни работни места. Имаме проблем во неквалитетни преквалификации, а со тоа отсуство на професионалност. Бараме изедначување на бенифициран стаж на медицинската екипа во Итна помош која работи транспорт од 12/14 во 12/15.“, изјави на протестот во Гостивар, претседателот на НСДА, Горан Ристески.
Симболично на едночасовениот протетст се пуштаа песните „Бела чао“ , која низ светот е прифатена како некој вид химна на слободата, како и антологиската „Неправда“ на Лева патика.
-
Македонијапред 3 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 5 дена
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Гостиварпред 3 месеци
Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Амбасадорите на македонскиот фолклор „Танец“ со концерт во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување