Поврзи се со нас

Гостивар

Заврши доказната постапка за „Ласкарци“

Објавено

на

    Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска заврши доказната постапка за случајот „Ласкарци“ што се однесува на автобуската несреќа во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. Завршните зборови на Јавниот обвинител се закажани за 14 декември. Завршни зборови потоа ќе треба да даде и одбраната на обвинетите, по што Судот ќе треба да закаже објава на пресуда.

    На денешната расправа Јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, изврши прецизирање на обвинението при што рече дека нема измена на квалификацијата на делото за ниту еден од обвинетите.

    Прецизирањето, според обвинителот, е направено врз основа на доказите изведени во текот на главната расправа и во тој дел е конкретизиран описот во поглед на хронолошкиот тек и пропустите кои стојат на страна на обвинетите.

    Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

    Судењето започна во 2019 година и трае четири години. Изминатава година расправите се однесуваа на супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година, а кое беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото, со што Бирото за судски вештачења потоа формира тим лиценцирани вешти лица кои изготвија супервештачење кое во Кривичен пристигна по една година, во декември 2022.

    Бранителот, адвокатот Сашо Дукоски, во изјава за медиуми по денешната расправа изјави дека супервештачењето, како што рече, претставуваше врв на доказната постапка.

    „Супервештачењето претставуваше врв на доказната постапка и се утврди тоа што ние го тврдиме од самиот почеток, дека оваа сообраќајна несреќа е склучена исклучиво и само поради вина и поради недоволно внимание од страна на шоферот“, рече тој.

    Од друга страна, бранителот на дел од оштетените, адвокатот Владимир Николоски од Гостивар, рече дека смета дека работите се разјаснети уште со првите вештачења.

    Според родител на еден од загинатите, Судот, како што рече, „си купуваше време“ со супервештачењето.

    „Да не беа нашите притисоци, од родителите и оштетените, тоа немаше никогаш да се случи. Судот само купуваше време и не се покажа ништо ново или дополнителни докази од супервештачењето“, рече родителот.

    Според него, супервештачењето тежнеело кон тоа да се префрли вината на возачот.

    Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 1 час

    Од утре (четврток) времен режим на ул.„Беличица“, почнуваат работите за реконструкција

    Гостиварпред 4 часа

    Во Гостивар лишено од слобода лице поради кражба на автомобил

    Здравје и убавинапред 7 часа

    Добра конзервирана храна што вреди да ја имате при рака

    Гостиварпред 9 часа

    Метео аларм за дожд, ветер и грмежи

    Македонијапред 22 часа

    Законски регулирана дополнителната и сезонската работа

    Културапред 23 часа

    „Од Вардар за Вардар“ – Јубилеен концерт на хорот „Вардар“ во Гостивар

    Гостиварпред 1 ден

    Општина Гостивар за протестот на земјоделците: Некои од критиките се неосновани и претерани, ќе се заложиме за соодветно решение

    Гостиварпред 1 ден

    Протест на земјоделци од полошко: Ќе ги блокираме Гостивар и општината ако не се отвори каналот за наводнување

    Македонијапред 1 ден

    Минималните трошоци во мај зголемени за околу 20 евра

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена