Поврзи се со нас

Гостивар

Одземени 6 возачки дозволи во синоќешната акција во Гостивар

Објавено

на

Секторот за внатрешни работи Тетово ноќеска спроведе уште една од серијата акциски контроли на возачите  – дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата откриени и санкционирани се вкупно 10 возачи-прекршители (Тетово-4 и Гостивар-6), од кои кај 1 возач во Тетово биле утврдени до 2 промили алкохол во крвта, а кај преостанатите до 1 или 1 и пол промили.

„Сите се веднаш исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби од 225 до 370 евра во денарска противвредност, а времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година.“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Исти така вчера, во периодот од 8 до 20 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведени се повеќе контролни активности за брзина со која се движат возилата, во рамките на кои биле санкционирани 22 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (Тетово-15 и Гостивар-7).

Притоа еден возач пречекорил за повеќе од 70 километри на час,  5 за 50 до 70 километри на час и така натаму. Санкционирано, исто така, било и 1 пречекорување на пропишаната брзина во населено место, како и 25 други видови сообраќајни прекршоци.

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до возачите да не консумираат алкохол доколку планираат да ги користат или веќе ги користат нивните возила, без разлика на поводот и се друго, да ја прилагодат брзината според условите на патот и непотребно да не брзаат.

Ова, дотолку повеќе што следуваат дождливи и снежни денови кога коловозите се лизгави и кога е потребно внимателно движење со возилата, посебно оние кои ќе патуваат кон Стража, Маврово или Попова Шапка.

 

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена