Поврзи се со нас

Гостивар

Најавуваме ново издание на „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Тема: ПЕНЗИОНЕРИ, гостинка Живка Матевска

Објавено

на

Нашата верна публика веќе знае и очекува кон крајот на секој месец, премиера на ново издание на видео емисијата „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“, во која даваме акцент на проблематиките што ги мачат граѓаните, особено поранливите категории. Ноемвриската емисија е веќе подготвена и премиерно ќе се емитува во понеделник (27 ноември).

Овојпат во средиштето на вниманието се луѓето од третата доба, пензионерите. Темата ја одбравме со оглед дека изминатиоет периодов се актуелни со јавното изразување незадоволство и одржување на мирни протести за повисоки пензии. Наш соговорник е гостиварката Живка Матевска, пензионерка која е дел од Иницијативниот одбор за организирање на протестите за Гостивар и гостиварскиот регион.

Разговараме како и зошто се покрена иницијативата за протестите, кои се конкретните барања на незадоволните пензионери, каков е пензионерскиот живот во Македонија, се исполнува ли малку од тоа што се очекува и обично се вели „да дочекам пензија, малку мирен, спокоен живот“, во која насока ќе се движат активностите на пензионерите понатаму итн.

Емисиите овозможуваат еднаков пристап на лицата со оштетен слух, се прикажуваат со толкување на знаковен јазик.

Премиерата во понеделник, како и сите други емисии, ќе може да ја погледнете на Јутуб каналот на Gostivarpress.mk.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена