Гостивар
Дечиња чекаат топол дом и внимание, но во Гостивар нема интерес за згрижувачки семејства
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2023/12/girl-3582986_1280.jpg)
И по многу спроведени активности за подигнување на свеста и кампањи за важноста на згрижувањето деца, во Гостивар формата „згрижувачко семејство“ се‘ уште не заживеа. Мал е интересот на гостиварци да вдомат дете кое останало без родители и други блиски или било напуштено.
Од гостиварскиот Центар за социјална работа велат дека на подрачјето кое го покриваат регистрирани се само две згрижувачки семејства, а има голем број дечиња на кои им треба топол дома, грижа и внимание.
„За жал немаме многу интерес, на подрачјето на Гостивар за сега има само две згрижувачки семејства, а има триесетина деца на кои тоа би им било потребно. Со оглед дека нема семејства овде, дечињата ги препраќаме во згрижувачки семејства во други градови, најчесто Скопје, затоа што таму има најголем број згрижувачи. Се надевам и испраќам апел семејствата од Гостивар да се пријават, да ги отворат домовите и срцата за децата“, рече директорот на Центарот за социјала, Дарко Миовски.
Стручните лица подвлекуваат дека за дечињата е од големо значење да растат и да се воспитуваат во семеен круг, да ги учат семејните вредности, да имаат дом исполнет со љубов и поддршка. Сметаат дека згрижувачкото семејство е најсоодветен облик на заштита на децата бидејќи се овозможува нивен правилен психо-социјален развој во услови најблиски до биолошкото семејство.
Семејствата кои згрижуваат деца без родителска грижа добиваат месечен надоместок определен од Министерството за труд и социјала (околу 16.000 при згрижување на едно, 14.500 за секое дете при згрижување на две деца итн.)
Општина Гостивар пак на ваквите семејства им доделува дополнителни 10.000 денари месечно, со цел да се стимулира згрижувањето.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа