Гостивар
Место во градинка за уште 100 деца во Гостивар, готово е проширувањето на „Цветови“
Доградбата на градинката „Цветови“ во Гостивар е целосно завршена, подготвена и опремена за згрижување на 100 дечиња во пет простории. На промовирањето на објектот денес, со симболично сечење на црвена лента, присуствуваа градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
„Една од клучните карактеристики на ова архитектонско решение е неговата беспрекорна интеграција со постојната градинка, обезбедувајќи кохезивен и инклузивен простор за учење за нашите деца. Освен тоа, во нашата потрага по еколошка одржливост, прифативме нов, еколошки начин на греење на градинката со пелети кој не само што се усогласува со повисоките стандарди туку и ја нагласува нашата одговорност кон зачувување на природата. Ништо од ова не би било возможно без непроценливата поддршка на Светската банка, чија финансиска поддршка од над 34 милиони денари одигра клучна улога во реализирање на овој проект. Ја изразуваме нашата најдлабока благодарност за нивните инвестиции во иднината на нашите деца. Можеме да кажеме дека денес не се работи само за отворање на нова доградба; се работи за славење на ветувањето за посветла иднина на нашите деца. Овој момент нека биде потсетник за моќта на колективниот напор и заедничките соништа.“, изјави министерката.
Таравари истакна дека капацитетите на детските градинки Во Гостивар и условите во нив континуирано се прошируваат и подобруваат.
„Задоволство ми е што денес промовираме шести по ред нов капацитет за згрижување деца во последните 6 години. Ако во 2017-та година во Гостивар имаше 400 згрижени деца во градинка, денес имаме околу 800, ако тогаш на листа на чекање беа 350 до 400 деца, наскоро ќе бидат само 150. Значи капацитетите во градинките дупло се зголемени и со гордост можам да кажам дека условите се битно подобрени.“ , кажа градоначалникот.
Гостите на промовирањето на објектот ги пречекаа групи деца со воспитувачките, а настанот се заврши со приредба на која се претставија дечињата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 3 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница
-
Парламентарни избори 2024пред 2 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6