Поврзи се со нас

Претседателски избори 2024

Таравари: На 9 мај СДСМ и ДУИ одат во пензија, во опозиција

Објавено

на

Кандидатот за претседател од коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари изборната кампања ја почна синоќа од Дебар, од каде порача дека на 9 Мај – Денот на Европа ќе имаме, како што рече, „влада 3“ во која нема да бидат двете партии кои се сега, СДСМ и ДУИ, зашто за еден месец заминуваат во пензија, време им е да одат во опозиција.

-Официјално ја почнувам кампањата тука, од Дебар, од каде сакам да кажам дека во текот на кампањата нема да ја споменувам ДУИ, туку ќе ја презентирам мојата платформа. Овде во Дебар одлучив да зборувам за Уставот, кој е еден од четирите столба на мојата платформа. Уставот на Македонија изгласан во 1991 година не го гласаа Албанците и беше нешто што никогаш не беше поддржан од Албанците. Лидерот Арбен Џафери велеше дека Уставот е генератор на политички кризи во Македонија и така беше. Тоа беше вистина сè додека не се случи конфликтот во 2001, кога се смени и дополни Уставот, но Охридскиот договор никогаш целосно не се имплементира. И ден денес главниот столб на Охрискиот договор не е исполнет, а тоа е фискалната децентрализација. Наша обврска е измени на Уставот зашто тоа е услов да оди Македонија на европскот пат, рече Таравари.

Најави дека кога ќе се одлучи да се внесат Бугарите во Уставот, „Вреди“ во новата влада ќе го постави условот за бришење на 20 отсто за употреба на албанскиот јазик. Зборуваше и за изборот на шеф на државата во парламентот, посочувајќи дека Македонија е парламентарна демократија, и дека надлежностите на претседателот се исто како на претседателот на Косово, Албанија, Грција, Германија, но во овие држави претседателот го избира парламенот.

Нашиот услов е претседателот да се избира со 2/3 мнозинство и секако со Бадинтер. Доколку не се избере во два круга, третиот круг треба да се оди со мнозинство гласови, што значи 61 пратеник, но повторно со Бадинтер. Тоа е најдобар начин да се намалат трошоците на државата и да се има еден вид контрола во изборот на трите главни државни функции, претседател на држава, на парламент и премиер. Влада без Албанците не може да има, порача Таравари.

Тој од Дебар му реплицираше на противкандидатот и министер за надворешни работи Бујар Османи, кој според него, изјавил дека сме почнале преговори со ЕУ, прашувајќи го зошто не ги продолжуваме? Всушност, додаде, ние немаме почнато преговори.

Таравари нагласи дека неговата кампањата ја каратеризираат три главни збора: обединување, промени и вреди. -Очекувам ова обединување, со кое ја исполнивме желбата на Албанците, на што чекаа од 2002 година, ќе донесе промена, промена која со голем ентузијазам ја очекуваат каде и да одиме. Промената доаѓа, во тоа сум 100 отсто убеден, дилемата е колку ќе биде разликата, нагласи Таравари.

Пред дебрани меѓу другите се обратија Изет Меџити, лидер на Демократското движење, Африм Гаши на Алтернатива, координаторот на Изборниот штаб за Дебар, Беким Поцеста и Салим Сулејмани, носителот на кандидатската листа за пратеници за изборна единица 5, кои ги повикаа дебрани заедно да ги донесат промените.

Присутните ги поздрави и Беким Ќоку од „Самоопределување“, кој рече дека во обединувањето на партиите во коалицијата „Вреди“, која ќе донесе промени, голема залуга има Албин Курти, кој според него е човек на вистинската страна, вреден и чесен, каде е и оваа коалиција, додека на „другата страна е Вучиќ, каде е и Али Ахмети“.

Коалицијата „Вреди“ свечено ги отвори и просториите на изборниот штаб.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 11 часа

Шест причини зошто пешачењето после вечера е добро

Вестипред 14 часа

Захарова: Русија ќе нападне британски цели доколку британското оружје го употреби Украина за удар на руска територија

Македонијапред 15 часа

Повеќе можни кандидати за претседател на СДСМ по оставката на Ковачевски

Гостиварпред 16 часа

Обновен и разубавен натписот Гостивар во градскиот парк

Гостиварпред 17 часа

Конференција во Гостивар: Треба да се направи се‘ за младите да останат тука

Гостиварпред 19 часа

Болница Гостивар-Пуштено во употреба обновеното невропсихијатриско одделение

Гостиварпред 20 часа

Инцидент во угостителски објект во Гостивар

Спортпред 21 час

Аталанта го совлада Баер Леверкузен и ја освои Лигата на Европа

Здравје и убавинапред 23 часа

Висок крвен притисок – Тивок, а опасен непријател на здравјето

Гостиварпред 4 недели

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица

Гостиварпред 2 недели

Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад

Гостиварпред 4 недели

Напад на малолетник во угостителски објект во Гостивар

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

Македонијапред 2 недели

9 мај – Ден на победата над фашизмот

Гостиварпред 4 недели

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена