Поврзи се со нас

Локални избори 2017

Владата ги повика сите државни институции да гарантираат слободни и фер избори

Објавено

на

Во пресрет на Локалните избори 2017 година, Владата на својата 26 седница донесе Декларација за заложби за слободни и фер избори, и ги поддржува основните принципи што се однесуваат на правото на секој граѓанин на Република Македонија да учествува во вршењето на јавни функции, директно или индиректно, преку слободно избрани претставници, да гласа на избори со тајно гласање и да има еднаква можност да ги изнесе своите политички ставови.

Исто така, на својата 27 седница, Владата на Република Македонија, усвои Упатство за начинот на постапување на министерствата, другите органи на државната управа и управните организации, како и Упатство за забрана за користење на движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборен процес ствари во државна сопственост за време на изборен процес.

Со овие Упатства се утврдуваат насоките за начинот на постапување на министерствата, другите органи на државната управа и управните органи на функционерите кои раководат со државните органи, како и на вработените во државните органи за време на спроведување на парламентарни, претседателски и локални избори од денот на нивното распишување и во текот на избирачкиот процес, како и насоките за начинот на постапување на министерствата, другите органи на државна управа и управни организации во врска со користењето на движните и недвижните ствари во државна сопственост за време на изборниот процес.

Воспоставувањето и зајакнувањето на демократските процеси и институции е заедничка одговорност на Владата, граѓаните и политичките партии, дека слободни, фер и демократски избори се клучен фактор за ефективно уживање на сите човекови права и основни слободи.

Владата ги повика сите органи на државнта управа да ги преземат сите неопходни законски мерки, како и политички и институционални чекори за да го гарантираат неприкосновеното избирачко право на секој граѓанин.

Со донесената Декларација, Владата, ги повика и вработените во органите на државната управа да пријавуваат евентуални случаи на притисок до надлежните органи, и, доколку се утврди злоупотреба, ќе се преземат соодветни мерки.

 

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 24 минути

Захарова: Русија ќе нападне британски цели доколку британското оружје го употреби Украина за удар на руска територија

Македонијапред 1 час

Повеќе можни кандидати за претседател на СДСМ по оставката на Ковачевски

Гостиварпред 2 часа

Обновен и разубавен натписот Гостивар во градскиот парк

Гостиварпред 3 часа

Конференција во Гостивар: Треба да се направи се‘ за младите да останат тука

Гостиварпред 5 часа

Болница Гостивар-Пуштено во употреба обновеното невропсихијатриско одделение

Гостиварпред 6 часа

Инцидент во угостителски објект во Гостивар

Спортпред 7 часа

Аталанта го совлада Баер Леверкузен и ја освои Лигата на Европа

Здравје и убавинапред 9 часа

Висок крвен притисок – Тивок, а опасен непријател на здравјето

Парламентарни избори 2024пред 20 часа

„Влен“ објави дека со гласањето во Ларце доби плус еден пратеник

Гостиварпред 4 недели

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица

Гостиварпред 2 недели

Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад

Гостиварпред 3 недели

Напад на малолетник во угостителски објект во Гостивар

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

Македонијапред 2 недели

9 мај – Ден на победата над фашизмот

Гостиварпред 4 недели

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена