Поврзи се со нас

Вести

„Најголемата надеж на секоја земја лежи во примерното образование во младоста“

Објавено

на

 

Денешниот датум, 5 октомври светот им го посветува на просветните работници. Светскиот ден на учителите е прогласен од УНЕСКО во 1993 година, а во  Македонија се одбележува од 1994 година. Во Интернационалата за образование членуваат над 160 земји и над 22 милиони просветни работници.

По повод денот, честитка до наставниците упати министерката за образование, Рената Дескоска. Во неа се вели: „Нашите ученици заслужуваат квалитетно образование, а нашата земја заслужува успешна иднина. Затоа, се надеваме дека блиската соработка со Вас ќе продолжи и во иднина, за заедно, тимски, да ја оствариме благородната мисија за образување на младите. Сакам да искажам неизмерна благодарност до сите просветни работници за сета лична заложба, изразена креативност, жртва и посветеност кон создавањето на нови генерации кои ќе ја градат иднината на оваа држава. Нека е честит 5 октомври, Меѓународниот ден на наставниците!“

За големата улога и значењето на просветните работници може многу да се зборува, но ние ќе се обидеме тоа да го доловиме преку неколку мудри мисли:

„Најголемата надеж на секоја земја лежи во примерното образование во младоста.“ – Еразмо

„Учителот не предава тоа што сака, не предава тоа што знае, туку предава тоа што е.“ – непознат автор

„Најдобрите учители се воедно и најсложените учители: тие од учениците бараат размислување“ – Вилијам Гласер

„Погрешно образованото дете е изгубено дете.“ – Џон Ф. Кенеди

„Образованието е подобар чувар на слободата од војската.“ – Едвард Еверет

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена